Воена парада на Црвениот плоштад во Москва
Објавено: 9 мај, 2014, во 07:58 часот
Рускиот претседател Владимир Путин, обраќајки се на прославата на Денот на победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва, изјави дека ова е најголемиот празник во Русија, кој е извор за патриотизмот и гордоста на рускиот народ.
Путин оцени дека силната волја и растегливоста на рускиот народ ја спасиле Европа од ропство. На Црвениот плоштад се одржува и воена парада, на која учествуваат околу 11 илјади војници и голем број воени возила и опрема.
Годинешното одбележување на Денот на победата над фашизмот во Москва има и дополнителен патриотски набој поради анексијата на украинскиот полуостров Крим.


