ХМС “Тиквеш“ ја заврши годинешната полевна сезона!

Објавено на 24 октомври, 2012 во 22:38

Од Водостопанство Тиквеш оценуваат дека заврши една од најуспешните полевни сезони во Тиквешијата. Не биле регистрирани поголеми дефекти во каналската мрежа и земјоделците можеле непречено да наводнуваат.

Ваквиот резултат, според техничкиот директор на Водостопанското претпријатие, Илија Темелковски, се должи на големата мобилност на екипите и сите вработени кои деноноќно одговарале на барањата на водокорисниците.

“Во текот на сезоната имаше само два кратки прекини за чистење на каналите од алгите, кои годинава ги имаше во зголемена количина заради цветењето поради топлото време, но тоа воопшто не го поремети ритамот на наводнувањето во Тиквешијата и општините каде е застапен ХМС „Тиквеш“. Од  вкупната земјоделска површина од 12.000 хектари,  годинава се наводнуваа  близу 9.000 ха. што е висок процент на застапенотс  на наводнувањето како агротехничка мерка. Во тој однос овој систем е меѓу најдобрите во земјата. И оттаму, значењето на истиот е големо, што поттикнува на натамошно вложување инвестициони средства во одржување и развој на системот за освојување на нови површини за наводнување како што  е најавената инвестиција во “Сува Гора“.  Водостопанство “Тиквеш“ во делот на заштедата на водата воведува стимулирање при плаќањето посебно на корисниците кои наводнуваат преку системот„капка по капка“, вели Темелковски. Тој  информира дека во моментов  се вршат контроли на системот  и се преземаат содветни интервенции од  сопствени средства  за отстранување на  оштетувања на канали и други делови на ХМС “Тиквеш“ со цел наредната сезона да се дочека во добра кондиција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.