Најмногу милијардери во Лондон
Објавено: 12 мај, 2014, во 06:05 часот
Овој европски град стана светска престолнина на супер богатите бидејќи во него живеат најголем број милијардери споредено со било кој друг град во светот, јави Сандеј тајмс.
Весникот пишува дека сега во Лондон живеат 72 луѓе кои имаат повеке од милијарда фунти( 1,23 милијарди евра). Москва е втор град на листата со 48 милијардери додека Њу Јорк трет со 43-ца.
Англија е прва на листата и по бројот на милијардери по глава на жители – еден милијардер на 607 .000 Англичани, а САД се втори со милион жители на еден милијардер.

Браќата Сричанд и Гопчан Хиндуџа, родени во Индија, се наоѓаат на врвот на англиската листа со богатство од 11,9 милијарди фунти (14,58 милијарди евра). Тие се сопственици на компанијата Хиндуџа груп.

