Вдишувајте нане за да го намалите гладот?
Објавено: 8 мај, 2014, во 08:47 часот
Редовното вдишување на мирис од нане може да ви го намали чувствто за глад, а со тоа да го намалите и внесот на калории, велат американски истражувачи.
Во истражувањето кое е направено на еден универзитет, волонтери вдишувале мирис на нане на секои два часа во текот на пет дена. На крајот на студијата тие го намалиле чувството за глад, а исто така во текот на седмицата внеле 3.485 калории помалку.
Претходните истражувања покажале дека спортистите кои вдишувале мирис на нане биле мотивирани и имале повеќе енергија.
Истражувачите укажуваат на тоа дека за навистина да ги осетите позитивните влијанија на нането, неопходно е да вдишувате етерично масло од нане или преку инхалатор, како што тоа го правеле волонтерите од студијата.


