Нови можности на Фејсбук месинџер

Објавено: 8 мај, 2014, во 09:47 часот

Facebook ја ажурира својата апликација за допишување Месинџер со неколку новини. Сега е полесно да се праќаат фотографии, гласовни пораки и други содржини.

Во моментов освежувањето е за iOS, ама ниту корисниците на  Android не би требало долго да чекаат на новите можности.

Овозможено е брзо споделување на фотографии со еден допир и без потреба да се напушта конверзацијата.

Исто така подобрено е пребарувањето на луѓе и групи, а се водедени и некои нови опции за стикерите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.