Што ве нервира кога купувате?
Објавено: 17 април, 2014, во 08:38 часот
Повеќе од половина од жените кога пробуваат облека во кабините чувствуваат лутина, срамежливост и разочарување, додека 75 % од жените толку кабините им одат на нерви што ги избегнуваат и купуваат облека според нивниот конфекциски број, откри едно британско истражување.
Премногу ангажирана продавачка
Таа стои пред кабината за преслекување, често прашува дали е се во ред, дали сте задоволени со облеката и секогаш очекува да излезете за да ви даде нејзинио мислење како ви стои.
Ограничен број на парчиња облека во кабина

Се поголем бројот на продавници кои имаат правила за носење само на одреден број на парчиња облека во кабините, што за купувачите е многу фрустрирачки пропис, за кои мора и по неколку пати да излезат од кабината да земат нови парчиња облека и повторно да чекаат да влезат во кабина и да ги пробаат.
Огледала
Овој трик на огледала се вообичаени во продавници со поскапи марки на облека, за да се создаде илузија дека облеката подобро се вклопува на муштеријата, ги прави повитки, и затоа се подготвени да платат поскапо.

