Кожна чанта, вреди ли за тие пари?

Објавено: 5 мај, 2014, во 10:35 часот

Кога купувате кожна чанта, вие сакате да купите нешто квалитетно и нешто што ќе го издржи тестот на времето. Не е секој умешен да препознае вистинска кожа,но сепак, некои совети можат да ве насочат во вистинскиот правец.

Крајната фаза на обработката

Колку е помека, толку е поскапа. Кожата треба да е еластична и мазна,одржувањето е една од најважните работи за да трае долго.

Шиење и постава

Квалитетните чанти се обично уредно сошиени и немаат конци што висат. Не заборавајте да ја проверите и внатрешноста на чантата, поставата и споевите. Квалитетната постава не се кине лесно.

Додатоци

Рачките треба да бидат доволно силни за да издржат тежина, патентите квалитетни и добро сошиени за да не мора да ги менувате. Неколку пати отворете ги и затворете ги, добри се оние што се движат лесно.

Миризба

Некои кожни чанти мирисаат непријатно од хемикалиите и боите што се користеле при нивната изработка. Висококвалитетните кожи мирисаат прекрасно.

Гаранција

Кожните чанти, особено оние на познатите дизајнери, чинат цело богатство. Затоа, распрашајте се кои се правилата за враќање, кои се гарантните услови и гарантниот период.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.