Знаете ли се за фустаните?
Објавено: 6 мај, 2014, во 08:38 часот
Коктел фустан
Можете да ги најдете со прерамки,без прерамки,со кратки и долги ракави,а нивната должина е до колена или до средината на листовите.

.Макси фустани
Се погодни за жени кои сакаат да го покријат долниот дел од телото. Убаво изгледаат на повисоки девојки,кои доколку изберат модел во една боја визуелно ќе се истакнат.
Фустани на преклоп
Обвиткани околу телото и зацврстени со ремен околу половината.Можете да го носите затегнат и поопуштен,да го приспособите на вашето тело за да бидете совршени.
Тесни фустани
Се прилепува до телото,ги истакнува облините и прави да изгледате послабо.Можете да ги најдете во различни должини,зависно од тоа колку сакате да ги покажете нозете.
Рамни фустани
Со рамен крој, се одлични за жени кои сакаат да носат нешто припиено,а сепак да изгледаат елегантно,одлично им одговараат на сите типови на градба на тело.
Вечерен фустан
Тоа се фустани за свечени и формални прилики,а најголемиод дел од нив се долги до земја..Можат да бидат едноставни или пак украсени со чипка или бисерчиња.
Мини
Овој модел е добар за жени со облик на тело во форма на јаболко,но не се ограничувајте,доколку имате убави нозе не се срамете да ги покажете.

