Зошто треба да јадеме јагоди

Објавено: 6 мај, 2014, во 07:39 часот

Црвени, во срцевидна форма, украсени со мало зелено ливче. Јагодите се задоволство, здравје, љубов, убавина.

Еве зошто треба да јадеме јагоди:

Јагодите содржат високо ниво на антиоксиданси, од повеќето видови храна и овошје кое се тестирани, тие се на четвртото место на најголеми содржатели на антиоксиданси. Го штитат телото од болести и го успоруваат процесот на стареење.

Јагодите како извор на неопходниот витамин Ц помагаат за подобрување на силата на артериите и ја подобрува работата на надбубрежните жлезди кои имаат потреба од голема количина витамин Ц. Осум јагоди содржат повеќе витамин Ц отколку еден портокал.

Една чаша јагоди помага во регулирањето на шеќерите во крвта кои се намалиле поради т.н. шилци во крвта. Создавањето шилци во крвта може да е последица на преголема телесна тежина, дијабетес или хипокликемија.

Помагаат во контролирањето на срцевите заболувања и артритисот. Јагодата содржи антоцијани кои го стимулираат согорувањето на мастите во телото. Флавоноидите кои ги содржи јагодата го спречуваат размножувањето на „лошите“ клетки. Фенолните киселини кои ги содржи помагаат за намалување на симптомите при алергија (освен доколку сте алергични на јагоди). Уживајте додека ги конзумирате свежи како сок, во десерт или како цели плодови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.