Реализирана редовна крводарителска акција во Чашка
Објавено на 30 мај, 2024 во 10:51
Велешки Црвен крст одржа редовна крводарителска акција во Општина Чашка на којашто 19 жители ја покажале својата хуманост и радувале крв. Двајца од дарителите за прв пат ја подале својата рака да даруваат од скапоцената црвена течност и станале дел од најхуманото семејство во државата.
Како што објаснуваат од Црвен крст – Општинска организација Велес, акцијата заеднички ја реализирале со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка и основното општинско училиште „Тодор Јанев“.
Стефани Манева