Стрип центарот од Велес на меѓународен фестивал за анимација и стрип во Хрватска
Континуираниот развој на македонската стрип сцена доведува и до интензивирање на
меѓународна стрип соработка и застапеност на разни конкурси и фестивали.
Врз основа на воспоставена комуникација и објавен јавен конкурс на СУПЕРТОН –Фестивал на
стрип и анимација во Шибеник- Хрватска, Македонскиот стрип центар Велес учествуваше со
свои изданија . Во голема конкуренција изданието СТРИП АЛМАНАХ 2024 влезе во најтесен
круг на избрани стрип списанија како и покана за учество на фестивалот кој ќе се одржи од 22
до 26 јули.
Но, една од учесничките коишто самостојно влегоа во потесна конкуренција на авторски стрип
книги е и младата Гаја Смилевска од Скопје со стрип книгата „СКРШИ ШТО СУДБИНАТА ГРАДИ“.
Како што известува Томе Трајков-програм координатор на Стрип центарот од Велес, Меѓународниот фестивал за анимација и стрип Supertoon е специјализиран за кратки
анимирани филмови и авторски изданија на стрипови и се одржува секое лето во јадранскиот
град Шибеник, Хрватска.
Неговото 14-то издание ќе се одвива во текот на пет дена, од 22-ри до 26-ти јули 2024 година,
и ќе прикаже, во конкуренција, повеќе од 200 најсвежи, најинтересни кратки анимирани
филмови од целиот свет во Мала ложа, Горица и Градски парк на отворени кина.
Посетителите на фестивалот ќе можат да уживаат во изборот на неодамнешни авторски
стрипови, кои ќе се борат и за наградата за најдобар стрип. Галеријата „Свети Кршеван“ ќе
биде домаќин на изложба на сите стрипови во конкуренција, а во градскиот парк ќе се одржи
саем на стрипови на отворено.
Supertoon создава простор на слобода за филмаџиите и студентите за правење филмови, како
и за авторите на стрипови, обезбедувајќи им можност да се запознаат, дружат, да учествуваат
на панели, прашања и одговори и работилници, да разменуваат идеи и искуства и смислат
идеи за идна соработка.
Дума.мк