(Фото) Велешки планинари „освоија“ два врва на над 4300 мнв на Италијански Алпи
Четворица Велешани искачија два врва, во еден ден, на Италијански Алпи. На планинскиот масив „Monte Rosa“ на Италијанско-Швајцарската граница, во регионот „Аоста“, велешките планинари Зоран Јаневски, Марјан Малинов, Никола Ангелов и Никола Василев поминаа со автомобил вкупно преку 4000 км и ги искачија врвовите „Signalkuppe / Punta Gnifetti“ висок 4,554 метри и „Ludwigshöhe“ на надморска висина од 4,341 метри. Двата врва се меѓу највисоките врвови на Алпите по „Dufourspitze“ што се наоѓа на надморска висина од 4,634 метри. На врвот „Signalkuppe“ висок 4,554 метри се наоѓа и највисокиот планинарски дом ов Европа поточно „Margherita Hut“ чија местоположба се наоѓа на 4,554 метри.
Претходно, во подготвителната фаза, Јаневски, Малинов, Ангелов и Василев, ги искачија и врвовите „Tofana di Rozes“ висок 3,225 метри на Италијанските Доломити и највисокиот врв во Словенија „Триглав“ со надморска висина од 2,864 метри.
Убавка Јаневска
Фото галерија: