Во Кавадарци се одржува традиционалната културна манифестацијата „Месец на театарот“

Објавено: 29 октомври, 2026, во 17:31 часот

Организатор на културна манифестацијата „Месец на театарот“ е Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ кој и годинава за кавадарчани обезбеди гостување на три театарски претстави на домашни театри и една претстава на странски театар.

Културната манифестација која започна на 24 октомври, вечерва на репертоарот ја има претставата „Чичко кумплунг“ на Народен театар Куманово. Почетокот е во 20:00 часот.

Следуваат и претставата “Состанок“ на Градски театар Живинице, Босна и Херцеговина на 6 ноември и четири дена подоцна претставата „Девојките на Марко“ на Народен Театар Прилеп.

Манифестацијата ќе заврши со премиера на претставата „Референти по збрки“ во адаптација и режија на Диме Коцевски на кавадаречкиот театар, во последната недела на месец ноември.

Убавка Јаневска


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.