Велешанец ја тепал сопругата, завршил во полициска станица
Објавено на 10 декември, 2024 во 10:35
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 14:50 часот, го лишиле од слобода Љ.К.(30) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. Љ.К.
-Лицето Љ.К бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк