Коки: „Среќна жена има потковица, а паметна…коњ“
Понеделнички афористички поздрав за читателите на Дума.мк од афористичарот Никола Бошковски Коки:
„Среќната жена има потковица, а паметната…коњ.“
„Р.С.Македонија не излегува на море, но затоа, пак: Господата од државниот врв, мноштво министри и разно-разните владини делегации, излегуваат на сите мориња на светот.“
„Се стекнува впечаток дека политичарите кај нас живеат „кучешки” живот: Постојано некој, на некого…лае.“
„Кога би ме љубел, како што студира, тогаш нашата љубов би била…вечна.“
„На бирократите сеуште не им е дојдено времето да започнат да си ги соблекуваат гаќите: Народот веќе одамна прооде, без гаќи.“
„За да си го остварат осигурувањето, многу господа бараат сведоци за да потврдат дека се …УДРЕНИ.“
„Нашата спортистка се вљуби во момче од музичка Академија, но се покажа дека тој и во креветот…е труба.“
Вашиот, КОКИ