Само морталитетот во пораст, наталитетот и бројот на склучени бракови во Велес, лани повторно во опаѓање

Објавено на 8 јануари, 2025 во 14:18

Триесет и осум бебиња помалку се родиле во Велес, минатата во споредба со 2023 година. Според базата на податоци на Подрачно одделение на Управата за водење матични книги во 2024 година бројот на издадени Извод од матична книга на родени изнесува 352 документи додека во 2023 година оваа бројка изнесува 390 документи.

Надолна линија бележи и бројката на склучени граѓански бракови бидејќи минатата година ова подрачно одделение издало вкупно 341 документи Извод на венчани или 23 помалку во споредба со 2023 година.

Само кај бројот на издадени Извод на починати граѓани бројот расте и тоа за 34 документи повеќе во споредба со 2023 година кога биле издадени вкупно 499 документи.

Ако во општината се споредат бројките на родени, вкупно 352 со бројот на починати 533 граѓани, во минатата година, тогаш на територијата на Општина Велес живеат помалку 181 граѓани, на почетокот на 2025 година.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.