Велешко семејство бара помош и од сограѓани за исчезната сопруга, мајка и баба
Ова се две фотографии на седумдесет и едно годишната велешанката Василка Трајкова која ја бара семејството откако жената во вторникот, на 14 јануари, годинава, излегла од домот, попладнето, околу 17:00 часот и не се вратила. „Жената е облечена во темно сива јакна, плави панталони и носи обувки поточно црни чизми, напиша на социјалната мрежа Фејзбук загриженото семејство. Тоа бара помош од сограѓаните. Според нивните информации Василка Трајкова последен пат била забележана на 14 јануари, во 17:20 часот, во делот на градот помеѓу Градски пазар и Стар Мост.
Семејството за информации поврзани со исчезнатата жена го остави контактот поточно местото на живеење или улица „Коле Цветков“ бр. 63 во Велес, што се наоѓа на источната страна на градот, венаш над зграда на „Малина“ и поминува покрај Црна Џамија.
Исчезнувањето пријавено е и од сопругот во Сектор за внатрешни работи Велес од каде сооштија дека се превземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатата жена, со нарушено здравје.
Убавка Јаневска