Започна санирањето на дупката во асфалтот во близина на велешко „Багремче“, граѓаните не се уверени дека брзо ќе заврши
Механизација составена од багер и трактори како и неколкумина работници денеска беа на локацијата на која пред неполн месец се појави дупка во коловозот на спојот на улиците „Партение Зографски“ и „Благој Ѓорев“. Таму се вршеше само ископ и утовар на земја, Впечатокот што го остави глетката на локацијата е дека нема некаква голема динамика на работа со која за краток временски рок би можел да се санира појавениот проблем.
Фотографијата што Дума.мк ја направи во 14:00 часот го потврдува тоа што од претпладнево го пренесоа граѓаните кои живеат во овој дел од Велес. Граѓаните рекоа дека очекувале ископ и отворање на подземниот дел како и точна проверка колкава површина е зафатена, според нив, од протекување на подземна вода или евентуално од водоводна или канализациона цефка.
Нивните изјави говорат дека вака како што тргнале работите во текот на денешниот ден на целосно решение на проблемот најверојатно ќе се чека со месеци. Тие, исто така, повторија дека бараат да се утврди од што испукал асфалтот и на угорнината на „Партение Зографски“.
Убавка Јаневска