Коки: „Најлесно е да си МАЧОР во февруари – талкаш цела ноќ по МАЧКИ, а дома за спиење доаѓаш рано наутро“
Со новите седум афоризми, на почетокот на февруари, читателите на Дума.мк ги поздравува афористичарот Никола Бошков Коки.
„За добрата МАЧКА, секој месец е Февруари.“
„Зад затворени врати комуницираат само оние политичари, кои на отворените јавни дебати не умеат уста да отворат.“
„Најлесно е да си МАЧОР во февруари – талкаш цела ноќ по МАЧКИ, а дома за спиење доаѓаш рано наутро.“
„Сите доктори не го започнуваат прегледот со соблекување на пациентките, некои така го завршуваат.“
„Постојат мноштво жени кои можат да се поистоветат со МАЧКИТЕ- не гледаат во кој скут предат.“
„Младите, неискусни девојки за в брак посакуваат идеален маж, но во очекувањето тој да се појави, мудрите и искусните…се мажат.“
„Во текот на натпреварот, некои фудбалери се подложни на амнезија и не знаат каде им е местото на теренот, но тука се гледачите кои ги потсетуваат дека имаат мајки, жени ,сестри…“
Вашиот, КОКИ