Никола Бошков Коки: „Кај нас бројката на атеисти е многу помала од бројката на оние којшто се НАДВОР ОД СИТЕ ВЕРИ“

И овој понеделник афористичарот Никола Бошков Коки за заедницата на читатели ги напиша следниве седум афоризми:
„Најголема можност за вработување несомнено денес имаат медицинските…и некои други министерски сестри.“
„Наместо да не опкружуваат зелени површини,паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас, секојдневно никнува само плевел и трње, човечко трње,
„Човечкото тело претежно составено е од вода, а водите денес, за жал, како никогаш до сега не биле толку енормно загадени.“
„Како и за секое друго оружје, така и некои владини и партиски портпароли треба да поседуваат дозвола за носење…ЈАЗИК.“
„Кај нас бројката на атеисти е многу помала од бројката на оние којшто се НАДВОР ОД СИТЕ ВЕРИ.“
„Кога станува збор за ГРБОТ, единствено работникот е загрижен за состојбата на својот грб, врз кого ја носи тежината на товарот на определена бројка корумпирани политичари.“
„За да научи да игра шах, на еден ментално ограничен политичар му посочивме како се повлекуваат шаховските фигури, ни преостана уште да го научиме…КАКО ДА МИСЛИ!“
Вашиот, Коки
