Базар на платото пред Основен суд, велешките ракотворки продаваат разновидни подароци за денот на жената (видео и фото)
Објавено на 4 март, 2025 во 16:14

Сувенири, накит, изработени кукли, мечиња, украсни свеќи и цвеќе се рачно изработените подароци коишто за празникот на жената, 8 Март, можат да се купат како подарок за девојките, сопругите, мајките и бабите. На поставените тезги има разновидни подароци. Цените се прилагодени на куповната моќ на граѓаните на Велес.
Иако само втор ден ги излагаат своите рачни изработки, ракотворките рекоа дека се задоволни од посетеноста и заинтересираноста за нивните производи што ја покажале како жените така и мажите во Велес.
Осмомартовскиот базар се одржува од 3 до 8 март, годинава и на него се изложени голем број на интересни подароци.
Убавка Јаневска
Фото галерија











