СВР Велес: „Не соопштивме дека пластичниот пиштол е испратен на вештачење“

Поради погрешно разбранa информациja од страна на авторот на текстот, при неофицијална комуникација со Сектор за внатрешни работи Велес и денешна телефонска реакција од нивна страна, за напишана завршна реченица „ Од полицијата додадоа дека пиштолот бил испратен на вештачење и ги чекаат резултатите од постапката“,.во вчера објавениот текст со наслов „Дванаесет годишник денеска во училиште во Велес врзал со лисици и му вперил пластичен пиштол на соученик“, Дума.мк упатува извинување до читателите на овој вчера објавен текст.
Во исто време без од нас да биде побарано туку поради професионалноста и одговорноста кон информациите од јавен карактер, одлучивме да го реобјавиме официјалниот став на полицијата, за настанот што вчера се случи во ООУ „Васил Главинов“ во Велес кога ученик врзал со лисици и вперил пиштол на соученик во кој пишува:
„На 18.03.2025 во 10.00 часот во СВР Велес, од основно училиште во Велес било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол. Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници. За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.“
Дума.мк одлучи да ја објави исправката на текстот која се состои само во последната негова реченица во интерес на објективното, навремено и квалитетно информирање на своите читатели и почитувајќи го членот 3 од Кодекс на новинари на Македонија .
Убавка Јаневска
