Велес викендов беше домаќин на Европски куп во кајак на диви води, прогласени победниците

Објавено на 7 април, 2025 во 12:16

Велес викендов беше домакин на меѓународниот натпревар во кајак организиран од страна на велешкиот „Кајак кану клуб Арка Борец“. Првиот ден, во саботата се одржа кајакарскиот натпревар во класик дисциплина на кој учествуваа четириесетина натпреварувачи додека во неделата и покрај студеното време се одржа второто коло од Европскиот куп во Градскиот парк кадешто беа прогласени и победниците.

Во најпопуларната категорија К1 сениори првото место го освои Љубомир Спасиќ од Македонија, второто место Невен Клеут од Србија и третото место Јосип Слошњак од Хрватска. Во јуниорската конкуренција, првото место го зазеде македонецот Благој Гугинов, пред србите Илија Клеут и Лука Чолич.

Во дисциплината Ц1 сениори, победничкиот пехар му припадна на Јанко Пресечки од Хрватска, а во Ц2 категоријата, златото го освои македонскиот пар Александар Златаров и Благој Гугинов.

На натпреварот од страна на жените беа освоени следните награди. Како најбрза во К1 сениорска конкуренција беше србинката Јелена Кнежевиќ, додека кај јуниорките златото го освои Уна Лукич исто така од Србија. Во категориите до 12 и до 14 години како млади таленти со извонредни перформанси посебно се издвоија Лука Велковски од Македонија и Тамара Драшковиќ од Србија.

Во категоријата ветерани, најдобри беа Милутин Лукич и Илија Младеновски. Во клубската конкуренција, најуспешен беше Кајак клуб „Арка Борец“ од Велес, а потоа следен од клубовите од Србија – КК „Дрина“ и КК „Чачак“.

Вториот натпреварувачки ден се одржа и спринт трката кадешто во К1 сениори победата ја однесен србинот Невен Клеут, потоа второто место го доби македонецот Љубомир Спасиќ и третото место го поделија Јосип Слошњак и Александар Златаров.

Во јуниорската категорија К1, најбрз беше Илија Клеут, додека во Ц1 сениори, првото место му припадна на Павле Здравкович. Во Ц2 доминираа Јанко Пресечки и Јосип Слошњак.

Вториот ден кај жените најбрза во сениорската К1 беше Ксенија Плазинич од Србија, додека кај јуниорките Уна Лукич. Во категоријата У14 највисоко се искачија Андреј Апостолов и Тамара Драшковиќ, додека во најмладите категории У12 златната медала ја освои Павле Лукич.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License