Велешките пожарникари скоро два часа ја гаснеа градската депонија за смет

Објавено на 7 април, 2025 во 12:55
Фото: Архива на Дума.мк

Пожарот на велешката депонија во Територијалната против пожарна единица Велес бил пријавен вчера, 6 април, неколку минути пред 11:35 часот. Двајца пожарникари на депонијата го гаснеле огнот до 13:20 часот со едно противпожарно возило.

Според командирот Димче Јовановски по интервенцијата пожарот бил локализиран и целосно изгаснат иако проблеми создавал силниот ветер, што во текот на денот, дуваше во велешко.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните штом забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License