Ракотворката Лидија Стојанова плете уникатни производи од вуница со чингелакија (видео и фото)

Уметност што ја создава со две раце, игла чингелакија, вуница и плетење. Така првично може да се опише велешанката Лидија Стојанова која неуморно работи и создава разни рачни изработки, од мали производи како што се украси преку кукли до други детски играчки и корисни секојдневни производи. Сосема случајно ја забележавме оваа велешка ракотворка која вниманието ни го привлече со тоашто додека седеше позади тезгата со десетици рачно изработени производи Лидија во исто време плетеше.

И пристапивме за да видиме како со нејзиното плетење се создава корпа за велигденско јајце. Лидија ни одговараше додека со избраната вуница, разнобојна, ја плетеше корпата. Низ првичниот разговор дознавме дека плетењето со вуница го научила како дете, од својата мајка и од бабите. Потоа дека таа ја продолжила семејната традиција на плетење се додека не станала мајка. Мајчинските обврски на одгледување на децата не и оставале многу време за втората љубов, ракотворството, во тој период од животот. Но штом обврските со растењето на децата се намалиле Лидија повторно се вратила на плетењето.

Во разговорот што Дума.мк со Стојанова го водеше за време на Велигденскиот базар, којшто минатата недела се одржа во Младински парк во Велес, таа открива повеќе информации за нејзиниот начин на исполнување на слободно време. Творењето на рачните изработки одмора, релаксира и особено исполнува, кога по еден час или неколку дена во рацете го држите создадениот рачно изработен производ, рече Стојанова.
Оваа ракотворка од Велес има профил на социјалната мрежа Фејсбук. Профилот има име поточно се вика „Вешти раце“.

Штом го отворите таму ќе погледнете стотици рачно создадени производи кои се уникатни затоа што се создадени од разни видови на вуница, имаат различни бои и форми. Исто така плетени се со големо внимание и со различни плетки. Посветени се на многу поводи од секојдневниот живот на граѓаните. Исто така имаат мотиви кои се поврзани со различни одбележувања како што се верските празници или пак посветени се на новогодишните.


Стојанова не можеше во моментот точно да изброи и веќе сплетени од вуница и со чингелакија украсни пелени за моментите на раѓање на принови во семејствата, парчиња детска и облека за возрасни. Оваа ракотворка е особено горда кога ќе ги види своите ракотворби во домовите на своите сограѓанки или како нив ги носат на себе жените со кои се сретнува при прошетките во Велес. Сепак Лидија вели дека најисполнета е кога на нејзините ракотворби најмногу се радуваат децата.
Убавка Јаневска
