Велешкиот театар со богата програма за мај: Премиерата на „Галеб“ ќе го заокружи месецот

Објавено на 29 април, 2025 во 11:03

Љубителите на театарската уметност и овој мај ќе имаат можност да уживаат во богата програма на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Репертоарот започнува со познатата комедија „Вечера за глупаци“ на 6 мај, која повторно ќе ја насмее публиката на големата сцена и истата претстава два дена подоцна како дел од гостувањето ќе се изведе и во Гевгелија.

Публиката потоа ќе може да ја проследи комичната драма „Госпоѓа министерка“ на 10 и 20 мај, како и психолошкиот трилер „Паника“ на 13 мај.

На 17 мај ќе се одржи поетска вечер на малата сцена, а на 21 мај следува драмата „Мајка“, исто така на малата сцена.

Но најголемото внимание овој месец го привлекува премиерата на претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Ивановски која е закажана за 30 мај. Во претставата играат Славица Манаскова, Симона Димковска, Сандра Танчева, Јанка Лефкова, Јордан Витанов, Фаик Мефаилоски,Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Филип Христовски и Кире Ацевски.

После премиерите на претставите „Мајка“ и „Госпоѓа Министерка“ ова е трета претстава од годинешната програма на театарот.

Театарот го задржува правото на промени во репертоарот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.