Уапсен велешанец фатен при провала во подрумска просторија
Објавено на 29 мај, 2025 во 14:58

Во раните утрински часови, околу 01:10 часот по полноќ, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода 45-годишниот Б.Ј. од Велес.
Според информациите од Сектор за внатрешни работи Велес, тој бил затекнат во подрумска просторија од зграда на улицата „Благој Ѓорев“, каде со употреба на сила влегол во просторот и извршил оштетување на предмети.
За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Полицијата продолжува со истрага за да се утврдат сите околности поврзани со инцидентот.
Дума.мк
