Во Македонија нов, но послаб топол бран – продолжува сушниот период

Објавено: 14 јули, 2025, во 09:07 часот

„Под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, но овој пат со по умерен интензитет, во текот на новата работна седмица, во периодот од понеделник 14 јули па се до петок 18 јули, продолжува сушниот период во Македонија. Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност, а повремено ќе засилува ветерот од северен и од североисточен правец.

Само во вторник, 15 јули, ќе има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачува до околу 37/38 степени.

Наутро пак температурите исто така ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени во почетокот на новата седмица, а потоа тие повторно ќе бидат во пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени.

Ув индексот ќе има висока, до многу висока вредност и ќе изнесува помеѓу 8 и 9,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.