Многу топол викенд со температури до 40 степени
Објавено: 18 јули, 2025, во 09:04 часот
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, за време на викендoт, сабота 19 и недела 20 јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, особено во недела, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
„И во Скопје и околината за време на овој викенд, сабота и недела, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, особено во недела.
Температурите ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат до околу 35 степени додека во Повардарието до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата овој викенд ќе се искачи до околу 38/39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9.

Апелирам, поради топлиот бран овој викенд, но и поради многу високиот Ув индекс особено возрасните граѓани доколку не мораат да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности, додаде Поповски.
Дума.мк



