Коки: „Додека едни луѓе бараат МЕСТО ПОД СОНЦЕ, други се задоволуваат со ладовина“
Објавено: 21 јули, 2025, во 10:08 часот
За читателите на Дума.мк, Коки споделува седум нови афоризми – кратки, но прецизни мисли што ќе ве насмеат, ќе ве замислат, и можеби – ќе ве погодат директно во совеста.
-Додека едни луѓе бараат МЕСТО ПОД СОНЦЕ, други се задоволуваат со ладовина.
-На некои политички лидери им е мошне лесно, катадневно да држат предизборни, ветувачки говори, но ќе имаат сериозни потешкотии, кога по изборите ќе бидат присилени да го одржат зборот.
-Кај нас бројката на невработени е значително помала, од бројката на оние коишто ништо не работат.
-Така е тоа во политиката кај нас: едни арамии заминуваат од власта, други доаѓаат да ги наследат, и…се така, постојано во круг.
-Од жената неможам да дојдам ниту до збор, од комшијата…ниту до креветот.
-Откако се врати од медицинскиот третман, мојата колешка не беше уверена дали со Анестезиологот имала сексуален однос, или тоа било само некаква сеанса, со акупунктура.
-За да ја добиете шаховската партија, потребни ви се бели или црни фигури, а во креветот ФИГУРИ- ВЕНЕРИС.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк
