Брза интервенција на ТППЕ Велес спречи ширење на пожар помеѓу Оризари и Клуковец
Објавено: 23 јули, 2025, во 10:42 часот
Брзата интервенција на Територијалната Противпожарна Единица Велес вечерва спречи поголема штета од пожар кој избувна меѓу селата Оризари и Клуковец.
Дојава за запалено стрниште била примена во 21:37 часот, по што на терен веднаш излегле четворица пожарникари спасители со едно противпожарно возило. Благодарение на нивната навремена интервенција, пожарот бил локализиран и изгаснат пред да се прошири.
-Пожарот зафати површина од околу 2 декари стрниште. Ситуацијата беше брзо ставена под контрола и успешно ликвидирана, информираа од ТППЕ Велес.
Стефани Манева


