Кавадаречкиот театар доби две престижни награди на меѓународен фестивал
Објавено: 29 јули, 2025, во 08:57 часот
Театарската група при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци се врати со две престижни награди од Меѓународниот театарски фестивал „Фестивал на фестивалите“ кој по 68-ми пат се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина.
Претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Диме Боцев, ја освои наградата „Златна маска“ за најдобра колективна игра, што е едно од највисоките признанија на фестивалот. Дополнително, режисерот Боцев доби и специјална Фестивалска диплома за неговиот режисерски и актерски придонес.

Овој значаен успех претставува признание за квалитетната и посветена работа на кавадаречките актери, како и на целиот тим што стои зад продукцијата на претставата. Со ова, театарот од Кавадарци уште еднаш се потврди како значаен фактор на македонската и регионалната театарска сцена.
Стефани Манева
