Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско
Објавено: 7 август, 2025, во 15:17 часот
Шеесет годишниот Ќ.С од Делчево и три години помладата С.С од истиот град вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско.
Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи патничко возило „ауди“ кое го управувал Ќ.С излетало од коловозот. Несреќата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес во 14:35 часот.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, пишува во дневниот билтен објавен од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Дума.мк


