Над 4,5 милиониденари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

Објавено: 19 август, 2025, во 13:24 часот

Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста за состојбата со донациите
и реализираната помош заклучно со 19 август 2025 година. Оваа иницијатива, која беше
формирана веднаш по трагичниот настан на 16 март 2025 година во Кочани, продолжува
да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните
семејства.

Еден од најважните сегменти на помошта е набавката на специјализирана компресивна
облека, која е неопходна во долготрајниот процес на третман и рехабилитација на
преживеаните од изгореници.

Прва пратка – 149 парчиња, во вредност од 923.458 денари

Втора пратка – 43 парчиња, во вредност од 283.802 денари

Трета пратка – 176 парчиња, во вредност од 2.193.047 денари

Со овие три пратки досега се обезбедени вкупно 368 парчиња компресивна облека, кои
веќе се испорачани и предадени на Општата болница во Кочани за користење од страна
на преживеаните лица.

Дополнително, значаен дел од средствата се насочени кон директна поддршка на
Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, како и кон
лицата кои се уште се хоспитализирани таму.

Досега се донирани 100 комплети T-LAB PRP KIT и 10 комплети Exomine SMART KIT, со
вкупен износ од 267.000 денари, 4 пакувања протеини и 4 пакувања аминокиселини, со
вкупен износ од 19.120 денари и сет креми за подобрување на еластичноста на кожата, со
вкупен износ од 53.428 денари.

Овие материјали се наменети за третман на рани, регенерација на кожата и подобрување
на процесот на рехабилитација, со цел полесно и побрзо опоравување на засегнатите
лица.

Заклучно со 19 август 2025 година, вкупниот прилив на наменската сметка изнесува
4.594.345 денари.

Платени трошоци за банкарски провизии: 18.277 денари

Вкупно реализирани средства: 3.758.805 денари

Тековно расположлива состојба: 835.540 денари

Сите донации се резултат на поддршката од хумани граѓани, компании и организации од
земјата и дијаспората, кои несебично се вклучија во оваа акција.

-Овие бројки не се само финансиски податоци – тие се доказ за солидарност, заедништво
и човечка хуманост. Благодарни сме на секој поединец и секоја компанија кои веруваа во
оваа иницијатива и помогнаа од срце. Нашата работа не застанува тука – продолжуваме
да бидеме тука за засегнатите лица и нивните семејства, сè додека постои потреба, –
велат од иницијативата SupportKocani.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.