Прекин на водоснабдувањето на две улици во Велес
Објавено: 20 август, 2025, во 10:31 часот
Јавното комунално претпријатие „Дервен“ соопшти дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од градот поради неопходни работни активности на водоводната инсталација.
Поточно, без вода ќе останат корисниците на улиците Страшо Пинџур и Солунска, а прекинот ќе трае околу два часа.
Од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните за разбирање и најавуваат дека по завршувањето на работите, водоснабдувањето ќе биде нормализирано во најкус можен рок.
Дума.мк


