Поповски: Невреме доаѓа во Македонија!
Објавено: 22 август, 2025, во 09:49 часот
Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре. петок 22 и сабота 23 август, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
„Особено до крајот на денешниот ден ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец, повремено и локално со брзина од над 65 км/час. Можна е и појава на локално невреме, па токму поради ова, особено поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните да обратат внимание каде се движат, да обратат внимание на своите автомобили, што значи поради очекуваниот силен ветер да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвја, особено оние кои се стари и осамени.
И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец, во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час.
Утре, сабота, 23 август, температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, а утре во интервалот од 25 до 32 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


