Поповски: Деновиве температури и до 38 степени!

Објавено: 27 август, 2025, во 08:46 часот

„Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес, среда, 27 август до петок, 29 август,  времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Tемпературите, во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје  и околината ќе се спуштат во интервал помеѓу 12  и 14 степени.

Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна, за повеќе од 20 степени. Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека можни се поголеми здравствени проблеми.

Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер  и пад на температурите ќе имаме за време на престојниот викенд кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.