Дипл. Социолог Маја Хеско кандидатка на СДСМ за Градоначалник на Општина Велес

Објавено: 28 август, 2025, во 11:22 часот

Кандидатурата на Хеско ја објави претседателот на опозициската партија,д-р Венко Филипче, на синоќешната седница на Извршниот одбор во Скопје.

„Велес има избор за промена! Нашиот кандидат за градоначалник, Маја Хеско е личност што ја обединува силата, храброста и одлучноста на сите граѓани. Време е за нова енергија, време е за работа во интерес на секој човек, секое семејство,“ соопшти партискиот лидер Филипче.

Дипломираниот социолог Маја Хеско е актуелна Претседателка на ОО на СДСМ Велес. Таа член е на СДСМ од 1991 година. Во нејзината партиска биографија пишува дека досега, исто така, била носител на повеќе партиски функции како што се активен член на Форум на жени на СДСМ во Велес, член на Извршен одбор, во неколку мандати, член на Совет на Општина Велес, кандидатка за пратеник на листата во ИЕ-3 и претседателка на Месен одбор на СДСМ „Дворови“.

Хеско, во два мандати ја извршуваше и четиригодишната функција на директорка на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес.

Засега на престојните осми Локални избори во Македонија за Градоначалник на Општина Велес познати се кандидатурите на двете македонски партии поточно на кандидатот Марко Колев, актуелен градоначалник на кого лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му даде можност за втор мандат и на Маја Хеско предложена од претседателот на опозициската СДСМ, д-р Венко Филипче.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.