Јубилејна изложба „Семиња на светлината“ на Снежана Лазарова Луна отворена во Ликовен салон Велес (фото и видео)

Објавено: 3 септември, 2025, во 15:07 часот

Со поставување на дела, дел создадени во последната година а дел и во изминатиот период, велешанката Снежана Лазарова Луна ја одбележува 15 годишнината од сопственото творење насловен како „По делата ќе ме препознаеш“. Јубилејната изложба на самоуката , слободна уметница, наивец е насловена „Семиња на светлината“ и содржи рачно изработени дела во техника мозаик создаден од повеќе видови на семиња. Ако претходно оризот беше доминантен сега нејзините дела содржат многу повеќе семиња што Луна вешто ги вградува во создавањето на ликови, цветови и во дугите мотиви.

Сепак, највпечатлив на јубилејната изложба е делот од вкупно пет слики преку кои што Луна ги изразува своите чувства и го прикажува непреболот, личен како мајка но и како жена која не можела да не ја чувствува болката на Кочани.

Уметницата Луна вели дека своето уметничко патување во кое досега постави вкупно 17 изложби го започна токму од својот роден Велес, го продолжи низ Македонија и го пренесе во соседна Албанија.

Изложбата „Семиња на светлината“ беше отворена вчера вечер во Ликовен салон Велес каде ќе можат љубителите на уметноста во Велес да ја посетат и погледнат во наредните денови.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.