(Видео) Chofarano x Dj Popeye во сабота на хип хоп вечер во Велес го промовираат деби албумот „Наследник“

Објавено: 5 септември, 2025, во 16:22 часот

Концертната промоција на деби албумот „Наследник“ ќе се одржи утре, сабота, 6 септември на паркинг просторот на народен театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот“ со почеток во 21:00 часот. Влезот е слободен.

Таму велешките музичари Бошко Ивковиќ, Диџеј Попај и Филип Михајлов, Џафарано, ем си рапер, ќе ги изведат во живо 10 хип хоп песни што ги содржи деби албумот „Наследник“. Двајцата музичари од пред некој ден го имаат веќе и третиот видео запис „Серенада“ по снимените „Наследник“ посветен на истоимената песна, снимен пред три месеци, како и првиот за песната „Руански затвор“.

На концертната промоција на албумот „Наследник“ ќе настапат и раперите „Дивизија“ од Струмица и „Кацар x Џоле“ – Токсиколози Скопје како и настапите на Нешо од Велес и Пикси од Свети Николе.

Диџеј Попај и Џафарано ветуваат незаборавна хип хоп вечер во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.