Поповски: Продор на значително поладен воздух од север во Македонија

Објавено: 15 септември, 2025, во 08:40 часот

„Под влијание на значително поладен воздух од север,денес, понеделник, 15 септември, во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме утре, вторник, 16 септември, со температури коишто ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.

Токму поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро, на граѓаните ќе им биде потребна потопла облека,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.