Коки: „Животот е своевиден маратон во кој сите трчаме по времето, а стигнуваме…до годините“

Објавено: 15 септември, 2025, во 09:56 часот

Осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк. Со својот препознатлив стил и хумористично-саркастичен тон, Коки повторно успева низ кратки реченици да пренесе длабоки пораки и критички осврт кон секојдневието и општествените појави.

Животот е своевиден маратон во кој сите трчаме по времето, а стигнуваме…до годините.

-Кога народот и служи на државата, тогаш државата е силна, но кога државата им служи на партиите, тоа е држава за домашна употреба.

-Предизборните ветувања на политичарите, денес се бесплатни, наплатата доаѓа после изборите.

-Љубовта е навистина убава работа, но се дотогаш, додека за неа не дознае сопругата.

-Воопшто не е можно вљубените девојки да доживеат инфаркт, зашто своето срце веќе го имаат веќе одамна подарено на друг.

-Единствено во групниот секс можете да се чувствувате безгрижно и релаксирано, без да стравувате дека ќе бидете повикани на колективна одговорност.

-Многуте мачо-авантуристи, кои во младоста неуморно крстареа по немирните љубивни води, сега вкотвени во домашните пристаништа чмаат хаварисани…со скршен јарбол.

-Фудбалерите умеат да дриблаат на фудбалскиот терен, а сопругите на некои од нив, надвор од бракот.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.