Хеско: Модерен, зелен и уреден Велес со решен сообраќаен хаос како и чисто езеро „Младост“ (фото и видео)

Објавено: 17 септември, 2025, во 15:30 часот

Спроведување на зелени политики во коишто ќе доминира изградба на нови паркови, засадување на нови дрвореди, чист воздух и спас на езеро „Младост“ како и решение на сообраќајниот метеж на велешкиот асвалт се првите ветувања на кандидатката за Градоначалник на Велес, Маја Хеско, од партијата СДСМ со коалицијата коишто беа соопштени на денешната прес конференција и со кои ја бара довербата на Велешани за претстојните осми Локални избори.

Во своето прво обраќање кон граѓаните на Велес, Јованче Манасков, носителот на Листата со кандидати за членови на Совет на Општина Велес од оваа политичка опција, потенцира дека Велес заслужува многу повеќе од тоашто добил во последните четири години, потенцирајќи го заедништвото со граѓаните како сила за иднината на градот и  ги претстави кандидатите на СДСМ со коалицијата за идни членови на Совет на Општина Велес.

Хеско и Манасков одговарајќи на новинарските прашања додадоа дека на листата за кандадидати имаат двајца магистри на науки кои се жени, од кои едната била пред докторирање, како и уште две жени или по една од бошњачката и од турската заедница од вкупно 10. Исто така на Листата се наоѓале и четворица дипломирани правници, дипломиран социолог и дипломирани  професори. Само четворица кандидати биле со средно образование.  На новинарското прашање каква изборна кампања очекуваат, Хеско и Манасков, одговорија дека се поддржувачи на фер и демократски изборен процес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.