Изложба на Алдемар Ибрахимовиќ во Ликовниот салон – Велес
Објавено: 30 септември, 2025, во 13:25 часот
Самостојна изложба на академскиот сликар Алдемар Ибрахимобиќ ќе биде отворена во Ликовен салон Велес, во четврток, на 2 октомври со почеток во 19:00 часот, најавија од Народен музеј Велес.
Ибрахимовиќ е истакнат уметник чие творештво претставува синтеза на современи и класични ликовни изрази. Неговата работа е препознатлива по силниот личен печат, преку кој го истражува односот меѓу бојата, формата и човековата емоција. Делата што ќе бидат изложени во Велес претставуваат интимна уметничка исповед, но истовремено носат универзална порака што допира до секој гледач.
-Оваа изложба претставува ретка можност за велешката публика да се запознае одблиску со неговото богато и автентично творештво, велат од Народен музеј Велес.
Стефани Манева


