Педесет вработени на ЈКП „Дервен“ учествуваа на обука по прва помош организирана од Велешкиот Црвен крст

Објавено: 6 ноември, 2025, во 14:27 часот

Во просториите ја Јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска, се одржа обука по прва помош наменета за педесетина вработени во секторот „Комунална хигиена“. Целта на обуката била учесниците да ги обноват и надградат своите знаења за основните постапки при укажување прва помош во различни секојдневни и работни ситуации.

-Вработените од комуналната хигиена беа избрани како целна група поради природата на нивната работа, која често подразбира физички активности и можни повреди при извршувањето на секојдневните задачи. Преку обуката, тие имаа можност да се подготват за правилно и навремено реагирање во итни случаи, со цел зголемување на безбедноста на работното место, рече Александра Илиевска од велешки Црвен крст.

Обуката ја реализираше Др. Владо Хаџи Наумов, долгогодишен волонтер на Црвен крст Велес, со повеќе од 40 години искуство во областа на првата помош.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.