Маж возел „бмв“ во Велес со брзина од 109 километри на час, полицијата го лишила од слобода
Објавено: 15 ноември, 2025, во 11:25 часот
Полициски службеници вчера утро, во 08:12 часот, го лишиле од слобода С.Ј.(24) од Велес затоа што возел автомобил со над дваипол пати поголема брзина од дозволената на улица, во населбата Шорка.
„На 14.11.2025 во 08:12 часот на улица „Вардарска“ во Велес, при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека С.Ј.(24) од Велес управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. Тој е лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


