Во најголем дел од државата утрово температурите во минус
Објавено: 15 декември, 2025, во 09:30 часот
Во раните утрински часови во Македонија имаме ведро и ладно време насекаде а во дел од котлините има појава на магла и на зголемена ниска облачност, пишува Метеоачарм.
-Претежно е тивко и без некој изразен ветер. Во поголем дел од Македонија имаме минусни температури и појава на мраз и на слана, додава метеорологот Славчо Попоски.
На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури во Македонија рано утрово до 3 часот.



