Двајца крадци во Велес ноќва завршија во полиција, дел од пленот вратен на сопственикот  

Објавено: 13 јануари, 2026, во 11:19 часот

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, ноќва, од 23:20 до 00:10 часот ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.

-А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес  и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.