Свечена заклетва на професионални војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во петок, 16 јануари

Објавено: 14 јануари, 2026, во 12:51 часот

Во Центар за индивидуална обука, во состав на Командата за обука и доктрини, во касарна „Алексо Демниевски Бауман“ во петок на 16 јануари, Свечена заклетва ќе дадат 296 новопримените професионални војници во Армијата на Македонија.

Станува збор за избраните професионални војници кои во април, минатата година, конкурираа на објавениот оглас на Министерство за одбрана и беа избрани на крајот на 2025 година. Професионалните војници посетуваат обука од крајот на минатата година во велешката касарна.

На свеченоста на давањето на заклетвата, чиј почеток е 11:00 часот,  ќе присуствуваат претставници од Министерството за одбрана, од Армијата  како и родители и роднини на професиналните војници.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.