Краток прекин на врнежите денеска во Македонија, следи нов бран со дожд
Објавено: 28 јануари, 2026, во 08:03 часот
Во текот на ноќвата и денеска, среда, 28 јануари, во претпладневните часови имаме краткотрајно стабилизирање на времето со разведрување и престанок на врнежите. Денешното утро е релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени а преку денот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 7 степени.
Сепак под влијание на циклонски систем, со центар повторно над Џенова, веќе во текот на попладневните и вечерните часови од запад во Македонија повторно ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд а на планините над 1200/1300 метри надморска височина од снег. Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Повремен локален дожд ќе има и во Скопје и околината во текот на попладнето и вечерта.
Дума.мк


